Хрватската претседателка ужува во Њујорк, каде што престојува последните денови по повод Генералното собрание на Обединетите нации.
Во креацијата на модниот бренд „Duchess“ на Снежана Мехун, Колинда Грабар-Китаровиќ (51) покажала значително потенка фигура, пишува „24сата.хр“.
Колинда има идеални мерки, 110-67-96 (гради-половина-колкови), но се чини дека во последно време изгубила уште неколку килограми. Хрватската претседателка ја преферира „липосукциската“ диета, чиј автор е Кенан Мандра.
– Станува збор за исхрана која првенствено се темели на зголемен внес на здрави масти и протеини. Всушност, станува збор за лесна медитеранска кујна – риба и пилешки гради со маслиново масло како и со обилни прилози од зеленчук и салата – открила Колинда лани во интервјуто за магазинот „Глорија“.
Освен што внимава на исхраната, хрватската претседателка вежба веќе извесно време. Покрај вежбањето го вклучила и трчањето како аеробна активност која одлично ги троши масните наслаги.
FOTO: 24sata.hr/Ured predsjednice RH
FOTO: Fejsbuk/Printskrin