Колинда Грабар-Китаровиќ најави ново јадење – ќе се вика Чоколинда

Таа открила дека им дала своја согласност на раководителите на „Подравка“ да го наречат производот токму така - Чоколинда.

1044
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во вторникот вечер рекла дека нема ништо против „Подравка“ еден од нивниот нов производ да го наречат „Чоколинда“, јавува Даница, а пренесува „Индекс.хр“.

Претседателката и кандидатка на ХДЗ зборувала за нејзините досегашни достигнувања и за што ќе се залага доколку добие нов мандат.

Таа открила дека им дала своја согласност на раководителите на „Подравка“ да го наречат производот токму така – Чоколинда.

„Им кажав на моите колеги од „Подравка“: „Ви ја давам својата согласност, се откажувам од какви било надоместоци, убаво измислете нов производ, наречете го така“. Убедена сум дека сигурно ќе се продава добро, не само на подрачјето на југоистокот на Европа, туку и во Заливот и другите земји. Нека нашата земја расте, а мене нека ми смеат колку што сакаат. Секако, јас сум загрижена за трендовите на лошиот и грд јазик, јазикот на омраза, но ништо не може да ме поколеба“, пренесува Пригорски.

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...