Изгубивме добар колега, голем човек, вистински професионалец. Татко, посветен на семејството. Вака колегите на социјалните мрежи се простуваат од полиаецот Сефет Бајрами кој вчера загина во страшната сообраќајна незгода која се случи на скопската обиколница во близина на клучката со Приштина, пишува Скопје инфо.
МВР информира дека до несреќата дошло кога двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило.