Колегите од Судскиот совет му го одзедоа имунитетот на Теофиловски, ама не го „испратија“ во притвор

676

Колегите од Судскиот совет му го одземаа судискиот иумнитет на  Зоран Теофиловски, но го одбија барањето на обвинителот за 30-дневен притвор за првоосомничниот во истрагата за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово.

„Судскиот совет донесе решение со кое го одзеде имунитет на член на Советот заради непречено водење на кривичната постапка, и донесе решение со кое не го одобри барањето за определување на мерка притвор за член на Советот, поднесено од страна на судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Теофиловски е осомничен дека кон крајот на месец август 2011 година како тогаш одговорно лице претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација. Тој е осомничен за кривично дело злоупотреба на службената положба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...