Колев: Реформа на целиот изборен процес и намалување на бројот на пратениците и нивните привилегии

344

Граѓанско Демократската Унија, пакетот прашања, кои ја тангираат сферата  на индивидуалните граѓански права и слободи, ја има поставено како приоритет во својата политичка платформа. Без лажна скромност, би додал дека можеби такво ниво на приоритет не постои кај повеќето регистрирани политички партии, рече претседателот на ГДУ Петар Колев на денешната прес конференција.

– Во тој дух, визијата на Граѓанско Демократската Унија за ограничување на моќта на владата и нејзините инструменти, е втемелена како двигател на нашето политичко дејствување. Искрено жалам што овие предизвици не секогаш го привлекуваат вниманието на дел од оние кои влијаат на креирирањето на јавното мислење во Македонија, но сепак, веројатно станува збор меѓудругото и за интелектуален предизвик за кои верувам дека не сите се подготвени.

Ние како политичка партија секогаш истакнуваме дека е неопходна промена на политичкиот систем, рационализација на државните органи, нивните надлежности, буџет и одговорност. Првиот чекор за тоа е реформа на целиот изборен процес како на национално, така и на локално ниво, проследено со намалување на бројот на пратениците и нивните привилегии – вели Колев.

Според него, истата рационализација треба да биде проследена и на бројот и ингеренциите на членовите на општинските совети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...