Колев од Рим: Заев и Мицкоски го рушат меѓународниот авторитет на институциите

Според него, најголем проблем во настанатата ситуација е фактот дека со такви немили настани и нивното погрешно менаџирање од страна на Заев како премиер и Мицкоски како лидер на најголемата опозициска партија, се руши меѓународниот углед на македонските институции.

785

Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) кој деновиве е во Рим реагира на последните настани во истражниот затвор Шутка.

-За жал морам да констатирам дека политичките игри и препукувања помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски влијаат негативно на меѓународниот углед на нашата земја – вели тој.

Тој, како што вели, разговарал со ко-претседателот на ЕCR, професорот Лагутко и европратеникот Ангел Џамбазки.

-Тие изразија загриженост околу случувањата во истражниот затвор Шутка, каде што беа нападнати поранешните министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Стигнавме до заклучок дека институциите треба да бидат оставени да си ја завршат работата по случајот, без никакво политичко влијание и виновните да ја понесат својата одговорност – вели Колев.

Според него, најголем проблем во настанатата ситуација е фактот дека со такви немили настани и нивното погрешно менаџирање од страна на Заев како премиер и Мицкоски како лидер на најголемата опозициска партија, се руши меѓународниот углед на македонските институции.

-Тоа не смее да се случува бидејќи ниту едно политичко поентирање не е доволно вредно за да се стави под знак прашалник авторитетот на нашата земја и секако почнувањето на преговорите за членство во Европската Унија – вели Колев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...