Претседателот на Граѓанско-демократската унија (ГДУ), Петар Колев, денеска реагираше за високите претседателски привилегии кои ги дава Македонија на поранешните шефови на држави.
Како што посочи тој, во ниту една земја во регионот нема доживотни привилегии за поранешните шефови на држави и повика што поскоро да се донесат законски измени со кои ќе се намалат пензионерските претседателски привилегии.
– Ова е проблем кој се провлекува со години, но очигледно дека ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај СДСМ постоеше желба да се реши. Во Собранието имаше една ваква иницијатива, но и двете партии не дадоа поддршка. Гледаме дека и овој пат молчат. Привилегиите мора да се скратат, а дел од парите кои се даваат за експретседателите предлагаме да се пренаменат за операции во странство – вели Колев.