Претседателот на Граѓанско демократската унија (ГДУ) Петар Колев ќе учествува на Конференцијата на парламентарната група на Европските конзервативци и реформатори (ЕКР), која ќе се одржи во Софија од 26 до 29 јуни во Софија.
На конференцијата ќе се дискутира за Западниот Балкан и улогата на Бугарија во неговото интегрирање во ЕУ, ќе има осврт на бугарското претседателство со Европскиот совет, Пакетот за мобилност во ЕУ, како и за прашања од безбедноста и миграцијата.
На конференцијата ќе учествуваат копретседателите на ЕКР, членови на Европскиот парламент, како и министрите од Владата на Република Бугарија Екатерина Захариева, Лилјана Павлова и Красимир Каракачанов.