Колев: Може да се занимавате со „нуклеарна физика“, наместо со политика

513

Петар Колев претседател на ГДУ, вели дека жално и наивно е ако некој си мисли дека граѓаните на Македонија може да бидат манипулирани со евтина блех музика во режија на СДСМ и смешни видеа на Мисајловски од ДПМНЕ како се градело и како се сакала Македонија. 

„Господа, тој автопат е изграден со донација од ЕУ, грант од 40 милиони евра пари на европските граѓани од нивните даноци, средства од кредит од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка кој треба да биде вратен од даноците на македонските даночни обврзници како и 6 милиони евра од буџетот кои се пак пари на граѓаните.

Не сум слушнал да сте донирале за автопатот од парите на вашите партии или можеби вашите приватни фирми. Срамота, популизам и вулгарност е да ни претставувате за огромен успех изградба на 28 километри автопат во 2018 година. 

Реалноста е следната за повеќе од 6 години сте изградиле 28 километри. Тоа значи сте граделе по 4-5 километри на година. Каков технолошко-градежен успех! Ќе беше смешно ако не е тажно тоа што сѐ ова е дополнето и со скандалите за кеш средствата од АКТОР и скандалите околу ова, како и истрагата на ОЛАФ за злоупотреба на средствата. Наместо да се засрамите од сето ова вие се снимате во видео обраќање мислам на Мисајловски од ДПМНЕ и дури и викате музики, господа од СДСМ.
Ако вашето политичко битие во инфраструктурата се исцрпува со 28 километри автопат изграден за повеќе од 6 години слободно може да се занимавате со „нуклеарна физика“, но не и со политика“, се наведува во реакцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...