Претседателот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев го честита Божиќ.
– Во денот на Христовото раѓање, сакам да ве поздравам и да ви порачам
дека ние можеме да ги отсликаме со реални дела убавите желби што го
следат овој прекрасен празник. Наша обврска е доброто да го вршиме со
конкретни чекори, за да не остане истото само протоколарна желба.
Божиќ е празникот на љубовта, вербата, надежта, семејните вредности,
радоста, достоинството, толеранцијата, разбирањето. Да си ги сакаме
нашите најблиски и нашата земја. Да се почитуваме еден со друг и заедно
да работиме за добробит и просперитет на Македонија.
Имајќи го Бог со себе, секогаш имаме поткрепа во сите тешки моменти!
Ви пожелувам добро здравје, успех и благосостојба! Христос се роди!, напиша Колев во честитката.