Кокошков горд на неговото назначување во Феникс

Поранешниот тренер на репрезентацијата на Словенија ќе биде првиот главен тренер на НБА тим, кој е роден надвор од Северна Америка.

115

Српскиот тренер Игор Кокошков изјави дека е исклучително горд на неговото назначување на чело на Феникс Санс. Поранешниот тренер на репрезентацијата на Словенија ќе биде првиот главен тренер на НБА тим, кој е роден надвор од Северна Америка.

– Дефинитивно сум горд што сум првиот главен тренер на НБА тим кој не е роден тука. Возбуден сум од можноста да работам повторно во Феникс, најмалку заради затоа што моето семејство живее во градот во изминатите 10 години, рече Кокошков, кој беше асистент во штабот на Санс од 2008 до 2013 година.

Србинот додаде дека целта пред тимот сега е да се работи во една насока – освојување на титулата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...