Кокаин скриен во банани, Франција заплени околу 500 килограми

154

Француските власти кон крајот на април запленија половина тон кокаин во вредност од околу 40 милиони евра во северното пристаниште Данкерк, информира денеска францускиот министер за надворешни работи Џералд Дарманен.

Тој додаде дека дрогата била пронајдена на 29-ти април во брод со контејнери, кој превезувал банани од малата јужноамериканска држава Суринам.

– Француското Државно обвинителство спроведува понатамошна истрага – истакна Дарманен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...