Кои се најточните и најбезбедните авиокомпании во светот?

441

Аеродромот Александар Пушкин Москва – Шереметјево е прогласен за најточен меѓународен аеродром во светот, а руската компанија Аерофлот за светски авиопревозник кој најмалку доцни.

Извештајот On-Time Performance Review секоја година го составува аналитичката фирма Сириум, која наведува дека Аерофлот во 2019 година бил подобар од јапонскиот „Ол Нипон Ервејс“, кој се наоѓа на второ место, и од третопласираниот, американски „Делта Ер Лајнс“.

Сириум следи преку 100.000 пристигнувања и полетувања, а смета дека авионот е точен доколку пристигне на гејтот околу 15 минути пред закажаното полетување.

Според тие податоци, летовите на Аерофлот пристигнале на време во 86,7 отсто случаи, од кои на аеродромот Шереметјево полетале и слетале над 95 проценти од авионите.

Седум од десетте најточни аеродроми на светот се наоѓаат во Кина.

Нискобуџетните авиокомпании се рангираат одвоено, а најточна била јапонската СтарФлиер, која исполнила 91,4 отсто од редот за летање.

Порталот AirlineRatings.com објави дека минатата година Квантас, Ер Њу Зеланд и ЕВА Ер биле трите најбезбедни авиокомпании во светот.

Меѓу дваесет најбезбедни авиокомпании се превозниците, како што се Катар Ервејс, Сингапур Ерлајнс, Емиратс, Алјаска Ерлајнс, Вирџин Аустрелија, Хаваиан Ерлајнс…

На сајтот се наведени и десетте најбезбедни нискобуџетни компании, како што се Ер Арабиа, Флајби, Фронтиер, ХК Експрес, ИндиГо, ЏетБлу, Воларис, Вуелинг, ВестЏет и ВизЕр.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...