„Кожувчанка“ е нов партнер на Федерацијата на училишен спорт

112

„Кожувчанка“ ДОО денеска потпиша договор за соработка со Федерацијата на училишен спорт.

За целата 2019-та година постојат план и програма направени од Федерацијата на училишен спорт, а сега заедно со „Кожувчанка“ ДОО како верен поддржувач и помагател на спортот во државата ќе се обидат да го подобрат и зајакнат организацискиот модел на училишниот спорт, со кој веруваат дека ќе се постигнат поефикасни резултати во развојот на целокупниот спорт во нашата држава.

– Еден од планираните проекти за тековната 2019-та година кој што е содржан во нашиот маркетинг буџет е токму оваа соработка со училишниот спорт, како дополнителен мотив за младите спортисти, федерацијата и спортските работници. Се надевам дека секоја наредна година нашата поддршка ќе се зголемува, а ние ќе се вложуваме за да придонесеме во јакнење на овој систем, бидејќи нашиот најголем фокус, а воедно и за секое општество, се младите како основа и двигатели на едно здраво општество – изјави маркетинг менаџерот на „Кожувчанка“ ДОО Кавадарци, Митко Јовановски.

Федерацијата на училишен спорт е комплексна федерација која што ги има интегрирано сите 460 училишта (основни и средни), поткрепени со 36 општински сојузи на училишен спорт.

– Голема благодарност до компанијата „Кожувчанка“ за поддршката која што ја дава, и за овој почеток каде основен акцент се става на масовноста на младите во спортот и се надеваме на долгорочна и успешна соработка – истакна претседателот на федерацијата Александар Туфекчиевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...