Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот Орце Камчев и изнудувачот Бојан Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева. Тоа за екслузивно за КОД го потврди обвинителката Вилма Русковска.
Во продолжение пренесуваме дел од интервјуто кое го објави Телма ТВ:
Русковска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.
КОД: Пуштен на интерфон?
Рускоска: Да.
Истражувањето на КОД за случајот „Рекет“ ќе може да се погледне утре во 19.10 на Телма.