КОД: Го прогласиле за пијан, не го прегледале, а ‘рбетот му бил скршен – Боро Стаиќ со години чека правда за лекарска грешка ВИДЕО

Доживотна парализа, маратонски судски процес за лекарска грешка на двајца доктори. Приказната, последните седум години ја живее 25-годишниот скопјанец Боро Стаиќ.

14537

Еден несреќен скок и пад во езерото на едно, тогаш малолетно момче, целосно ќе му го смени животот. Гостите на Кадмо го наоѓаат Боро Стаиќ во вода и викаат итна помош, објави емисијата КОД вчеравечер на Телма телевизија.

Случајот, иако пријавен како „дете кое паднало во езеро“ од лекарите на охридската итна помош и болницата во тој град бил третиран како пијано момче. Никој не го прегледал ниту утврдил дали навистина Боро е пијан или има многу потешки, сериозни повреди кои се опасни и по животот.

Доживотна парализа, маратонски судски процес за лекарска грешка на двајца доктори. Приказната, последните седум години ја живее 25-годишниот скопјанец Боро Стаиќ. Неговата приказна не е ниту едноставна, ниту лесна за раскажување, но открива како здравствениот систем и општеството се справуваат со сопствените грешки. Трагедијата се случила неколку дена пред Боро да стане полнолетен.

Повеќе во емисијата КОД на Телма телевизија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...