КОД открива информација дека дел од парите се најдени во сеф во домот на Бојан Јовановски. Според спецификацијата која претходно е направена врз банкнотите е утврдено дека тие се парите од првите пола милион евра која ги дала сопругата на на Камчев додека тој се уште бил во притвор.
Пари има и во телефонот на Боки 13 ка. Тој е авторот на фотографија на која е сликан ликот на специјалната обвинителка со 50 илади евра кај неа.
Емисијата Код е вечерва во 19:15, веднаш по вестите на Телма. (недела, 20.10.2019)