Кого го посакува во финалето на СП во Русија легендарниот Пеле

- Должен сум да го изберам во овој случај и најдобриот играч на турнирот од Бразил, бидејќи сакам ние да победиме. Очигледен кандидат е Нејмар - рече Пеле.

229

Легендата на бразилскиот фудбал, Пеле изјави дека ќе се моли финалето на Светското првенство 2018 да биде помеѓу Русија и Бразил.

– Шпанија има силен тим, но во моментов е тешко да се даваат прогнози. Разликата меѓу тимовите не е голема. Ја почитувам многу Русија, нивниот тим игра добар фудбал и ќе биде на свој терен. Италија ги изненади сите, откако не успеа да се пласира. Да не бидат присутни на Светското, да не се пласирани во полуфиналето или финалето, тоа е добра вест за сите останати. Што се однесува до Бразил, мислам дека имаме тим кој има сили за финале, прокоментира Пеле.

Популарен по своите грешни предвидувања, легендата додава: „Тешко е да прогнозирам кој ќе биде во финалето и кој ќе стане светски првак, но ќе се молам на Господ тоа да се Русија и Бразил и Бразилците да станат светски шампиони.”

Тој го посочи и најдобриот играч ако неговите предвидувања се остварат.

– Должен сум да го изберам во овој случај и најдобриот играч на турнирот од Бразил, бидејќи сакам ние да победиме. Очигледен кандидат е Нејмар – додаде Пеле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...