Замислете да можете да се разбудите како било кој – што би избрале?
Ова прашање го поставила професорка во Хрватска, а составот на ученикот Кристијан ја шокирал.
– Кристијан, твојата домашна ме загрижува. Од толку многу професии, животни и работи, ти избра да се разбудиш како дилер. Да си напишал и книга на оваа тема, не би добил ниту двојка, па не знам што да се случи. Здравиот разум не ми дозволува ниту да го корегирам овој состав, полн со илегални работи. Ќе напишеш нов состав на тема која јас ќе ја одредам, а во неа не сакам да читам ниту за дилери, ниту за дрога, ни за затвор, ниту било какви работи кои со закон се забранети! Навистина сум шокирана – напишала професорката и му ставила единица.
Коментарите на ова, ја поделиле Хрватска, пренесува „Курир.рс“.
„Подобро тоа, отколку политичар“ вели еден од нив.
„Детето ја извршило домашната задача, таа требало да ја оцени, а не да зборува за морали“.
„Некогаш децата сакаа да бидат пожарникари – а сега, дилери“.
ФОТО: Фејсбук / Курир.рс