Кога се туширате со сапун мијте ги само овие пет делови од телото!

Германските дерматолози велат дека туширањето еднаш дневно е сосема во ред.

1367

Туширањето е ритуал кој сите го практикуваме и кој е составен дел од нашиот живот. Но, понекогаш се поставува прашањето колку пати треба дневно да се тушираме.

Можеби звучи необично, но експертите велат дека дури и за ваква едноставна навика постојат „правила“ кои е добро да се испочитуваат.

Германските дерматолози велат дека туширањето еднаш дневно е сосема во ред.

– И јас лично сакам два пати на ден да се истуширам, но тоа сепак не се препорачува – истакнала германската докторка Ута Шолсергер која е специјализиран дерматолог.

Таа советува и да се користат исклучиво пХ-неутрални сапуни за да се зачува заштитниот слој на кожата, а додава дека со сапун треба да се измијат само пет делови од телото:

– пазувите

– дланките

– стапалата

– средината на стомакот

– грбот

За останатите делови на телото експертите препорачуваат да користите чиста, но мокра крпа. Исто така истакнуваат дека температурата на водата не смее да биде поголема од 35 степени Целзиусови, за кожата да не се исуши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...