Јас имав средба со претседателот на СДСМ, а не со потпретседателот, одговори Али Ахмети на новинарско прашање да ја коментира изјавата на Мухамед Зекири потпретседателот на СДСМ кој вчера рече дека може да има влада и без ДУИ.
Одговорот Ахмети го даде на македонски, иако претходно на новинарските прашања по средбата со лидерот на СДСМ Зоран Заев одговараше само на албански јазик, а вицепремиерот Бујар Османи беше задолжен за преводот.
–