Суперхикс се на македонската музичка сцена од минатиот век. Имаат направено преку 200 концерти во најмалку 20 до 30 земји низ Европа. На толку музика, песни и фанови, редно време беше да добијат свои восочни поставки во музеј.
Восочните фигури на членовите од Суперхикс се со нивна автентична големина и изгледаат неверојатно реални. Прекрасната изработка на восочните фигури може да им парира дури и на совршените восочни фигури кои што ги има музејот Мадам Тисо во Лондон.
Зрелите музичари сега се на ист ранг со историски и познати личности кои што придонеле за развој на областа во која што работеле и добиле своја восочна фигура. Суперхикс испишаа историја на македонската музичка сцена со нивните песни и пораки за сите оние кои што се притиснати од секојдневните проблеми, а заборавиле дека треба да им се насмевнат и да продолжат насмеано и храбро понатаму во животот. Секоја чест, Суперхикс!