Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев испрати реакција до Би-Би-Си по повод текстот „Невидливото малцинство во Грција-словенските Македонци“ во која тврди дека тоа малцинство всушност е бугарско.
– Бев прилично изненаден кога пред неколку дена го прочитав текстот, „Невидливото малцинство во Грција-словенските Македонци‘, објавен на страницата на Би-би-си. Текстот се занимава со многу важна тема-историските малцинства во Северна Грција. Точно е дека ова прашање беше табу тема во текот на многу децении. Сепак, направениот историски преглед на темата од балканските војни до денес има еден основен недостаток. Нема никакво сомневање за етничката припадност на негрчкото население кое живее на денешните територии на Северна Грција, во регионите Тракија и Македонија. Тие се етнички Бугари, не само според светската научна заедница, туку и според грчките историски и архивски документи – пишува тој.