Коби Брајант и ќерка му погребани на приватна церемонија

397

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс Коби Брајант и неговата ќерка Џиана се погребани на приватна церемонија во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.

Погребот се одржал минатиот петок во „Корона дел Маре“, а јавното „испраќање“ на сите девет жртви од хеликоптерската несреќа е закажана за 24 февруари во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес. Причината за овој датум се броевите на дресовите на Коби и Џиана – 24 и 2.

– Ванеса и семејството сакаа приватност при погребувањето. Церемонијата била многу тешка за сите поради тоа што се уште им е тешко да се соочат со загубата на две прекрасни души – ја пренесе  „Entertainment Tonight“ изјавата на својот извор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...