Коалицискиот парнер на Ципрас би гласал само за Централна Балканска Република

1640
ФОТО: EPA

Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став против сложено име и вклучен термин Македонија во името на нашата земја. Оваа позиција, уште еднаш ја потврдија членовите на партијата говорејќи за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис, портапролката на партијата, Мадалена Пападопулу и потпретседателот на Парламентот, Димитрис Кокалис, сите од Независни Грци во три различни интервјуа повторија дека не го прифаќаат терминот Македонија во името на соседот.

-Ние, Независни Грци, велиме „не“ за употреба на името Македонија или изведени зборови, а предуслов за било кое решение е уставна ревизија, промена на Уставот, бидејќи не постои ниту македонска национална припадност, ниту македонски идентитет, ниту постои македонски јазик и секако решението да биде ерга омнес, рече портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу, говорејќи за грчката телевизија „Скај“.

Таа изрази резервираност во однос на тоа дали ќе се постигне договор велејќи дека „треба да видиме дали Скопје може да прифати уставна ревизија и ерга омнес за преговорите да стигнат до решение“.

Заменик министер за земјоделски развој Василис Кокалис, во интервју за грчката телевизија „Скај“ рече дека за неколку денови ќе се знае дали преговорите ќе завршат со договор, но и упати критики до македонската страна.

– Три пати ја прекршија времената спогодба во 1995 и гледате дека преферираат имиња што имаат иредентистичка цел, како што е Северна Македонија, како што е Горна Македонија, рече Кокалис и додаде дека поддржувачите на сложено име, кои што се мнозинството од политичките партии, но не и мнозинството од грчкото општеството, треба да му објаснат на грчкиот народ „зошто скопската страна е бескомпромисна“.

Еден од потпретседателите на грчкиот Парламент, Димитрис Каменос, исто така, од редовите на Независни Грци рече дека неговата партија, доколку во Парламентот дојде име без терминот Македонија, би гласале за, но во спротивно, остануваат на нивната позиција.

– Ако го нема името Македонија, ако се вика на пример Централна Балканска Република, секако би гласале, рече Димитрис Каменос за грчката телевизија „Скај“ и откри дека има сомнежи дека во пратеничката група на Независни Грци, можеби постојат пратеници што би поддржале сложено име, а во тој случај тие би требало да си заминат од партијата.

Во однос на претстојните протести, заменикот министер за земјоделски развој  Василис Кокалис објасни дека „политичарот се оценува според позицијата и гласањето во парламентот, а не од неговото присуство на протестите“. Додека пак неговиот сопартиец, Димитрис Каменос, рече дека доколку има протест во Атина, тој ќе оди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...