Кнајсл: Преговори со Македонија и Албанија не се подарок, туку логика

401

Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл одговарајќи на новинарско прашање за отворањето преговори со Македонија и Албанија порача дека земјите ги исполниле задачите за преговори и дека кредибилитетот на ЕУ е во прашање. Таа притоа го користеше името „Северна Македонија“ во својата изјава, јави дописничката на МИА od Брисел.

– Појадував со албанскиот министер за надворешни работи. Не можам да зборувам во име на сите 27 земји, но во наши очи не станува збор да им се подари нешто на овие земји туку ова е прашање на логика. Им дадовме задачи на Албанија и на Македонија, на Северна Македонија како што е правилното ново име на оваа земја, им поставувавме цели што треба да се постигнат и им рековме да ги исполннат.  Во случајот на Северна Македонија рековме треба да се стаса до решение за проблемот со името и ако Албанија направи реформи во судството, тогаш ќе стане збор за нашиот кредибилитет да се започне со механизмот. Тука ЕК и Федерика Могерини ја имаат поддршката на Австрија, изјави Кнајсл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...