Европските избори, што почнуваат денеска и ќе траат до 26 мај, се претходница на големи промени во европските институции што ќе бидат извршени до крајот на 2019 година. Во тие месеци ќе има неколку клучни етапи.
На 26 мај, по затворањето на изборните места во Италија (по 21 по Гринич), националните власти на секоја од 28-те држави членки ќе може да објават резултати. ЕП се очекува да објави прогнози за состав на идниот парламент по 18 часот по Гринич врз основа на излезноста.
На 28 мај ќе има вонредна седница на врвот на ЕУ на која ќе се разгледаат резултатите од гласањето.
Секое „политичко семејство“ веќе ќе се знае колку пратеници ќе има во ЕП и ќе настапи момент за преговори за наследници на Жан Клод Јункер и на Доналд Туск – за шеф на ЕК и на ЕС.
На 20 и 21 јуни ќе има нова средба на врвот на ЕУ – завршување на номинациите за водечките европски функции.
Во јули ќе има две работни сесии во ЕП. Првата е од 2 до 4 јули и втората од 15 до 18 јули. Тогаш ќе биде избран новиот шеф на ЕК, избран од државните и владините лидери.
Наесен ЕП ќе се произнесе за составот на новата ЕК, но претходно секоја членка ќе достави име на еврокомесар.
Стапувањето на функција на новата ЕК е предвидено за 1 ноември. Новиот претседател на Европскиот совет ќе стапи на функција на 1 декември.
ФОТО: EPA / EVERT ELZINGA