Клуни закрепна и излезе на вечера со сопругата

1178

Актерот Џорџ Клуни се појави за првпат по сообраќајката во која беше повреден пред три недели додека се возел на мотор на островот Сардинија каде што го снимал својот нов филм.

Клуни заздравел и бил виден со својата сопруга, британската адвокатка за човекови права Амал Клуни, како влегува во ресторан на езерото Комо во Италија, каде синоќа се дружеле со познатата модна дизајнерка Стела Макартни.

Брачниот пар секое лето го поминува во овој град во близина на Милано, каде што Џорџ Клуни има куќа и имот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...