Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп им дозволи на играчите да ручаат со своите семејства, иако утре ги очекува натпревар од Премиер лигата.
– Ќе одат дома да ручаат со своите најблиски за барем малку да ја почуствуваат убавината на празникот. Вечер ќе мора да се појават во хотел, бидејќи утре не очекува натпревар против Њукасл. Тешко е да се организираат работите за Божик на „Боксинг деј“ и кога сте домаќин, а камоли ако одите на гостување. Сепак и спортистите имаат свој дом, семејство, деца, па се трудиме да им излеземе во пресрет колку е тоа можно – изјави Клоп.
Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата по 18 одиграни кола.