Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред натпреварот од првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите против Наполи ги коментираше зборовите на неговиот агент Марк Косицке, кој претходно изјави дека англиската клима може да влијае на преговорите за продолжување на договорот со 52-годишен германски специјалист.
– Агентот сакаше да се шегува, па сега ќе бидам сериозен. Тоа беше германски хумор, кој никој не го разбра. Британската клима ми одговара, нема проблеми со тоа. Сакам да повторам дека никогаш не избрав клуб, почнувајќи од временските услови во неговиот град, а климата никогаш нема да ме натера да напуштам ниту една земја. Оваа приказна е бесмислена. Косицке е мој агент и пријател – изјави Клоп.
Под водство на германскиот тренер Ливерпул го освои трофејот во Лигата на шампионите минатата сезона.
ФОТО: EPA / PETER POWELL