Клиничка болница „Жан Митрев“ се огласи во врска со написите во медиумите за напуштањето на дел од хируршкиот тим од детската кардиохирургија.
– Клиниката „Жан Митрев“ пред дваесетина години го потпиша првиот договор со Фондот за здравствено осигурување за кардиоваскуларна хирургија. Оттогаш во континуитет се изведуваат сите видови на кардиоваскуларни операции. Досега се третирани над 1.000 вродени срцеви маани како кај возрасни, така и кај деца и бебиња. Моделот за детска кардиохирургија во склоп на Клиниката тече без никаков застој. Пред само неколку денови успешно беше изведена една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај новородени. Се прават планови за оперативен третман за уште 20-тина деца во наредните неколку недели. Соработката со Министерството за здравство продолжува и понатаму. Нашата посветеност кон моделот останува наша главна мотивација – велат од Клиничката болница „Жан Митрев“.