Миленикот на многу луѓе ширум светот, холивудскиот актер Кијану Ривс, на доделувањето на Оскарите наместо со девојка дошол со својата мајка Патриша Тејлор.
Кијану синоќа дефинитивно ја доби наградата „најдобар син“ на годината. Ѕвездата на филмовите „Матрикс“ со своите постапки често знае да ги разнежни сите на социјалните мрежи, каде со денови се дебатира за неговите добри дела и великодушни зборови.
Ривс и Тејлор синоќа позирале на црвениот тепих, а актерот застанал и да даде интервју.
„Толку е сладок што на доделувањето дошол со својата мајка. Сè уште не го преболев Ривс од филмот „Брзина“, напишала една корисничка на Твитер.
За потсетување, Кијану пред крајот на минатата година за првпат по 35 години прошета на црвениот тепих со девојка која и тогаш, поради нејзината седа коса, многумина ја помешале и со многу постарата актерка Хелен Мирен, а сега и со неговата мајка.
ФОТО: Инстаграм/Твитер/Принтскрин