Обожавателите на холивудската ѕвезда Кијану Ривс (54), забележале дека тој има чудна навика. Актерот никогаш не ги допира обожавателките со кои позира. Во текот на фотографирањата, Кијану ги држи рацете на пристојна оддалеченост од нивните тела.
Неговите фотографии се објавени на Фејсбук-профилот „Unprofessional Madman“, а на секоја од нив Кијану позира со различна жена. Повеќето луѓе би очекувале дека актерот ќе ги прегрне или ќе им стави рака на рамото, но тоа не се случило. Фотографиите ги споделиле повеќе од 40.000 луѓе.
„Вистински господин“, „Уште една причина повеќе зошто го почитуваме Кијану“, „Колку повеќе работи откриваме за него, толку повеќе ми се допаѓа“, „Тој е дар од Господ, пречист е за овој свет“, се само некои од коментарите кои го преплавија интернет.
Други пак, се убедени дека актерот намерно не ги допира лужето при фотографирањето за да ги избегне обвиненијата и критиките за непристојно однесување како и сексистичките и феминистичките коментари.