Кијану Ривс има нова девојка, конечно ја пронајде среќата ФОТО

Странските медиуми објавија дека Кијану неодамна се дружел со долгогодишната пријателка, Александра Грант.

1192

Иако животот беше суров кон Ривс, се чини дека среќата конечно му се насмевнала.

По многуте животни трагедии кои го погодија актерот, како што е смртта на неговата девојка Џенифер Сим, но и загубата на ќерката, како и неколку смртни случаи на блиски пријатели, се чини дека среќата на актерот се враќа на голема врата.

Иако актерот по сите неволји што му се случија, изјави дека никогаш повеќе нема да има семејство затоа што тагата што ја чувствува беше премногу голема, се чини дека некои работи во неговиот живот, сепак, ќе се променат на подобро.

– Тагата го менува обликот, но никогаш не исчезнува. Луѓето погрешно веруваат дека еден ден, после борбата, ќе се чувствуваат подобро, но не е така. Кога луѓето што ги сакате, заминуваат, вие останувате сами – рекол Кијану во едно интервју.

Странските медиуми објавија дека Кијану неодамна се дружел со долгогодишната пријателка, Александра Грант (46), а двајцата биле снимени како се држејќи се за реце излегуваат од познат ресторан.

Исто така, соработуваше со неа кога ги пишуваше книгите „Сенка“ и „Ода до среќа“.

Тие се познаваат веќе една деценија, а досега Кијан негираше дека има нешто повеќе од пријателство меѓу нив.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...