Кичеец бил тајно снимен со Вице Заев во кафана во Скопје

8532

На една од снимките прикажани во судницата за „Рекет“ биле снимени како во скопски ресторан заедно седат Зоран Милевски Кичеец, еден познат адвокат од Скопје и Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Опис на снимката не даде обвинителката Вилма Русковска, а немаше објаснување и за контекстот на снимката што е забелешка и на одбраната во „Рекет“.

Русковска се правдаше дека го читала извештајот од МВР додека оделе снимките, па не ги ни видела.

– И сами можевте да се уверите дека не беше спомнато ниту едно име, освен имињата на лицата за кои имаше наредба за посебни истражни мерки – објасни Русковска откако адвокатот на Боки 13 Сашо Дуковски приговараше дека немало опис на снимката во која се прикажуваат познати личности на средба со Кичеец во скопскиот ресторан „Воденица“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...