Кичевец удрил во столб со „лада нива“, завршил на клиника

72
На улица „Ужичка“ во Кичево, кичевец Р.Ц.(56), управувајќи патничко возило со „лада нива“ со кичевски регистарски ознаки, вчера во 13:45 часот изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во бетонски столб.
– Р.Ц.се здобил со тешки телесни повреди и пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа и во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР- Охрид.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...