М.Р. (52) од Кичево е тешко повреден откако вчера паднал од приколка натоварена со дрва.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила во 20.30 часот во Кичево на улицата Амит Челопечанец. М.Р паднал од приколката во движење. Со работна машина „БОБ кет“ која ја влечела приколка иправувал А.Љ.(75) од Кичево.
По несреќата, М.Р. е префрлен во Медицински центар Кичево, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е испратен во Болница „Свети Еразмо Охрид“.