На јапонски брз траект повредени се речиси 90 патници од вкупно 121, колку што патувале заедно со четворица членови на екипажот, откако бродот се судрил со големо морско животно, соопшти јапонската крајбрежна стража.
Несреќата се случила кај јапонскиот остров Садо и се претпоставува дека бродот се судрил во грбав кит, кој го има во тој предел.