Кисела вода ќе дели студена вода и превоз на граѓаните во пеколните денови

503

Општина Кисела Вода во деновите кога температурите ќе бидат над 35 степени, до граѓаните ќе се дистрибуира и ќе се дели студена вода за пиење, ќе се даваат медицински совети на оние кои ќе се пожалат на тегоби, соопшти Општината.

За потешките случаи е обезбеден и транспорт до нивниот дом. Овие активности се дел од проектот „Топлотен бран” кој Општина Кисела Вода и годинава го спроведува во соработка со општинската организација на Црвениот Крст-Кисела Вода заради полесно справување со високите температури.

Во рамките на истиот, совети и корисни информации поврзани за превенција од евентуални несакани последици по здравјето поради високите температури, од страна на дежурен лекар, граѓаните можат да добиваат на броевите 02 3211417 и 071289203, секој работен ден, во периодот од 11 до16 часот.

Се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање, а истиот е содржан во Програмата за 2018 год. на Сектор за месна самоуправа и социјална грижа, заедно со општинската организација на Црвен Крст на Кисела Вода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...