Кисела Вода додели 37 ваучери за новороденчиња

98

Општина Кисела Вода додели нови 37 ваучери за новороденчиња, од кои 16 се за женски деца и 21 за машки, соопшти Општината.

Еднократната парична помош која е во висина од 6000 денари Општината ја доделува за да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.

За добивање на ваучер заинтересираните потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата треба да се поднесат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...