По најавата за високи температури кои ќе следуваат во наредниот период и по добиеното известување од Дирекцијата за заштита и спасување за зголемената опасност од настанување на пожари на отворен простор, Општина Кисела Вода апелира да се преземат превентивни мерки и зголемена будност и мобилност од сите граѓани и субјекти на територијата на Кисела Вода за заштита од пожари.
Општината препорачува да не се пали оган на отворен простор и на небезбедни места, да не се палат стрништа, меѓи и други површини, да не се фрлаат стаклени и пластични шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпадоци од цигари.
Сопствениците на неизградено градежно земјиште да ја искосат тревата за да се спречат несакани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за околината.