„Кога работев во Би Би Си, ме повикаа да гостувам на телевизиска дебата, околу одредена политичка тема. Ги прашав уредниците дали може да гостувам и тие ми одговорија се разбира дека не може, бидејќи не сум портпарол на Би Би Си за да ги соопштам ставовите на Би Би Си. На моето прашање дали може да го искажам својот личен став како Атанас Кировски ми одговорија -Атанас Кировски работи за Би Би Си, тој е бренд на Би Би Си, и додека е во Би Би Си не може да соопштува ЛИЧНИ политички перцепции и ставови, бидејќи го поврзуваат со Би Би СИ. Мојата работа беше да презентирам објективни, балансирани и непристрасни извештаи. Што помалку мои лични ставови во извештаите, толку подобри извештаите. Со тоа јас расчистив пред околу 20-ина години”, напиша Атанас Кировски на Фејбук.
„Истото е и со новинарите на Телма. Нивна работа е да известуваат професионално, непристрасно и објективно. Се разбира дека имаат и свој сопствен став, мислење и перцепција за одредени политички феномени, но тие не смее да и ги соопштуваат на јавноста ниту на Телма -многу е долно и недозволиво во репортерски извештај да има коментар -нити пак на ФБ или други медиуми. Тоа е цената на професионалноста ако сакате јавноста да ве перцепира како неутрални известувачи. Во извештаите на новинарите не се мешам никогаш. Но инсистирам на објективност, непристрасност, баланс и added value во известувањето. Јас мислам дека така се води професионална редакција, која според сите истражувања имаше највисока доверба кај гледачите околу квалитетот и објективноста во известувањето. Има и поинакви школи за тоа како треба да се води редакција, мојата школа е таа -англиската. Подготвен сум со секого да дебатирам зошто е тоа добра школа. Луѓе што немаат допирна точка со овој бизнис, а кои типично за Македонија се најкомпетентни за се, се обидуваат да ме прозиваат. Немам намера да одговарам по ничии ѕидови како се води редакција. Нити да демантирам лаги дека наводно некои биле избркани од работа заради лични ставови по социјални мрежи. Засега ниту еден новинар не е санкциониран ! А кој мисли дека е покадарен да води редакција-бујрум има стотици медиуми, посебно во денешно време кога за интернет медиум се потребни сосема скромни вложувања”, вели тој.
Кировски го објави и официјалниот став на Би Би Си во упатствата до нивните новинари:
BBC Editorial Guidance
You shouldn’t state your political preferences or say anything that compromises your impartiality. Don’t sound off about things in an openly partisan way. Don’t be seduced by the informality of social media into bringing the BBC into disrepute
Sharing or retweeting material from other people is part of what social media is all about – but consider that it can give the appearance of endorsement by you or the BBC, so context might well be needed. A “retweets aren’t endorsements” or equivalent disclaimer in your bio won’t be enough on its own.