Кириос ја освои петтата титула во кариерата

71
Австралискиот тенисер Ник Кириос ја освои титулата на тенискиот турнир во Акапулко (Мексико) со награден фонд од 1.78 милиони долари. 23-годишниот Кириос го победи во финалето вториот носител Александер Зверев (Германија) со 6:3, 6:4 во 90 минута.

Австралиецот, кој се наоѓа на 72-то место на светската ранг-листа, на патот кон титулата го елиминираше Рафаел Надал, Стен Вавринка и Џон Иснер. Кириос направи три брејка на натпреварот и еднаш загуби на свој сервис.

За Австралиецот, ова е петта титула во кариерата и прва од Бризбејн (Австралија) во јануари минатата година.

Александар Зверев, трет на светската ранг-листа, не успеа да го освои 11-тиот трофеј во својата кариера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...