Кирил Ставрев, главен готвач во Мериот: Сѐ во животот е дисциплина и напорна работа

После 10 години работа во Америка и во пет хотели од ланецот на Мериот, се радува што е најпосле во својата земја кадешто се обидува да ги пренесе знаењето и искуството стекнати таму и да го промени начинот на кој се перципира храната овде.

1141
Кирил Ставрев

Кирил Ставрев е главен готвач во Дистрикт бар и ресторан кадешто неодамна ја почна приказната наречена „Chef’s Table“, преку која, како што вели, сака да ја раскаже својата приказна и да им го пренесе на гостите своето знаење за различните начини на готвење и комбинации на вкусови.

Додека бил во Америка, вели, меѓудругото, подготвувал и повеќе македонски традиционални јадења, како мусака и сарма, но начинот на сервирање или подготовка бил малку поразличен од традиционалниот.

Зборувавме со него за неговите почетоци, за работата во Америка, но и за неговиот актуелен ангажман во хотел Мериот во Скопје. Интервјуто можете да го прочитате на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...