„Кирил Пејчиновиќ“ со нова термоенергетска фасада

252

Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ” во присуство на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, директорот на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Борис Хрисафов и директорот на училиштето, Сашо Јованоски беше означен крајот на градежните работи за реконструкција на фасадата.

Со градежните активности кои започнаа да се одвиваат на крајот на месец август, во училиштето се постави нова термоенергетска фасада, а изработени и монтирани се нови олуци.

Покрај ова, извршено е и поставување на прозорски опшивки и окапници. Со овие активности се изврши и чистење на столаријата и браваријата.

Имено, проектот за реконструкција на фасадата на училиштето се реализира преку добрата соработка на Општина Кисела Вода и Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Со поставувањето на новата фасада учениците и вработените во училиштето ќе добијат потопли простории/училници во текот на зимскиот период, а воедно, ќе се заштедат и финансиски средства.

На оваа средба, градоначалникот со директорот на училиштето разговараа и за останатите потреби кои ги имаат учениците и вработените во овој објект.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...