Кире Лазаров се спрема за пензија

498
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Македонскиот капитен Кире Лазаров неодамна потпиша договор со екипата на Нант до 2021 година, но тој ќе биде последен во кариерата на легендарниот ракометар.

Лазаров во специјално интервју за „Балкан Хендбол“ вели дека по овој договор ќе стави крај на неговата кариера.

„Ќе се обидам луѓето да ме паметат по добро. Мислам дека овие две години се последни во мојата кариера. А, така се договоривме и со управата кога имавме преговори за новата соработка“, вели Лазаров.

Исто така, Лазаров кажа дека македонската репрезентација ќе биде силна и по неговото заминување.

ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...