Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не смее повторно да го стави Собранието во улога на штитеник на неподобни кадри, како што тоа го изведе во случајот со (не)одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски.
Ова преку Фејсбук го порача пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски.
– Штом од владата на предлог на актуелниот технички премиер се бара разрешување на актуелната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот, не постои причина зошто Собранието да не го стави тој предлог на собраниска седница, сега-веднаш!, напиша Кирацовски на Фејсбук.
– Мислам дека на пратениците им смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историските успеси и државни постигања, повторно да бидат „топовско месо” – додаде Кирацовски.