Кирацовски ќе чека да се преведат амандманите на ДУИ

Се одложи седницата на Комисијата за политички систем, на чиј дневен ред се измените во Изборниот законик и Законот за јавнообвинителска служба

247

Во Собранието попладнево, сепак, не почна комисиската расправа за предлозите за измена на Изборниот законик и за Законот за јавнообвинителска служба, затоа што се уште не се преведени илјадниците амандмани на овие закони што, главно, ги поднесоа пратениците на владејачката ДУИ и на опозицискиата ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски, рече дека се надева дека за една седмица ќе има услови за ова собраниско тело да може да расправа по предлозите кои, практично, се во насока на: воведување една изборна единица за избор на пратеници – наместо сегашните шест; отворени листи на локални избори – за избор на советници; решавање на статусот на вработените во СЈО.

-Административните услови се уште не се обезбедени. Амандманите не се пренесени на електронскиот систем за да бидат достапни за сите пратеници. Исто така, не се преведени уште 3.734 од вкупно 5.899 амандмани. Формирана е поголема работна група за аманмданите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. До крајот на наредната недела ќе бидат обезбедени услови за почнување на работата на комисијата. Со оглед на тоа колку ревносно и напорно работат службите, не верувам дека има простор за сомнеж – рече Кирацовски.

ДУИ ги „затрупа“ со амандмани предлозите за промена на Изборниот законик, додека ВМРО-ДПМНЕ предничи во бројката на поднесени амандмани на предлог-измените на Законот за јавнообвинителска служба. Со тоа ДУИ, всушност, предизвика блокада за промена на моделот за избор на пратеници, што го предложија помалите парламентарни партии, а зад кој засстана и СДСМ. Поради тоа, премиерот Зоран Заев неодамна ја доведе во прашање одржливоста на коалицијата со Али Ахмети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...