Црнила се политиките на рекет и драконски казни. Наспроти тоа, ние создаваме можности и отвораме перспективи, преку намалување на казните и до 75 отсто.
Домашните и странски компании сега се изедначени и добиваат значителна помош за инвестирање и отворање нови и подобро платени работни места.Државата сега стимулира брз раст на малите и средни претпријатија преку финансиска поддршка со покривање на 30 отсто од директните трошоци, финансиска поддршка од покривање на 10 отсто од исплатена плата којашто е за 50 отсто повисока од минимало утврдената. Затоа сега платите растат. Ова го изјави денеска во Прилеп генералниот секретр на СДСМ, Александар Кирацовски.
-Македонија одбра да се движи сигурно кон иднина во ЕУ и НАТО со загарантиран идентитет и посебност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбраа да останат во темното минато на криминал, изолација и неизвеснот.
Тој додаде дека раководство на ВМРО ДПМНЕ предовдено од Христијан Мицкоски во Прилеп организирало уште еден протести за одбрана на криминалот.
Кирацовски рече дека времето на драконски казни и рекет поминало и тоа денеска го видел во прилепската чаршија.