Кирацовски: Нема да дозволиме никој да ја загрозува и да ја кочи македонската иднина

413

ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за македонската иднина.
СДСМ и владејачкото мнозинство имаат обврска пред граѓаните да ја обезбедат иднината на Македонија, порача Александар Кирацовски пратеник на СДСМ.

– Нема да дозволиме никој да ја загрозува, да ја кочи македонската иднината, да го кочи членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Имаме обврска да обезбедиме граѓаните да го кажат последниот збор. Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе го поддржат законоското решение Државната изборна комисија да се избира со апсолутно монзиство.
Бројните анализи и мислења на Венецијанската комисија посочуваат на потребата, избор или именување на членови на некое тело или носители на функции со квалификувано мнозинство, не смее да се претвори во контрапродуктивен инструмент за блокирање на процесите.
Земајќи ја предвид важноста на моментот за иднината на државата и граѓаните и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, потребата од вакви измени е нужна.
Секако, оставаме простор опозицијата на лидерска средба да покаже конструктвност и да се откаже од бојкотот – рече Кирацовски.

Тој додаде дека една деценија ВМРО-ДПМНЕ зборува за референдум и сега кога треба да се одржи се обидува референдум да нема. ВМРО ДПМНЕ се плаши од гласот на граѓаните, се плаши од нивната јасно изразена волја.

– ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да покажат дали им се важни потребите на граѓаните, дали им се важни државните интереси, дали се за членството во НАТО и ЕУ.
Македонија нема да биде заложник на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ – рече Кирацовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...